На општо задоволство на возачите и трговците на горива бензините во земјава поевтинија за два денари, а дизелот за денар. Ова е прво поевтинување на горивата од почетокот на годината од кога тие во континуитет растеа и достигнаа рекордно поскапување од 11 денари, а дизелот за 3 денари. Според вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати се намалува во просек за 1,69%. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 87 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 88,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се точи за денар помалку и чини 72,5 денари за литар. Се намалува и малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,5 денари за литар и сега изнесува 61,5 денари за литар. Намалување има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС и тоа чини 47,102 денари за килограм.
На општо задоволство на возачите и трговците на горива бензините во земјава поевтинија за два денари, а дизелот за денар.
Ова е прво поевтинување на горивата од почетокот на годината од кога тие во континуитет растеа и достигнаа рекордно поскапување од 11 денари, а дизелот за 3 денари.
Според вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати се намалува во просек за 1,69%.
Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 сега изнесува 87 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 88,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) се точи за денар помалку и чини 72,5 денари за литар. Се намалува и малопродажната цена на екстралесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,5 денари за литар и сега изнесува 61,5 денари за литар. Намалување има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС и тоа чини 47,102 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 119,03 долари за барел и е за 4,10% пониска од просечната цена на сурова нафта која изнесува 124,125 долари за барел.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 46,9722 денари за долар и е за 0,66% повисок од курсот на доларот (46,6652 ден/$) по кој беа формирани цените.